341970-godishen-horoskop-za-2016

ОВЕН

Работа – Со доза на резерва, прифатете ги ветувањата на вашиот претпоставен или на некоја влијателна личност. Доколку со таа личност сте во емотивна врска, после вториот или третиот обид, би можело да дојде до исполнување на ветеното.

Љубов – Почетокот на неделата можеби ќе ви донесе многу обврски кои треба да ги извршувате надвор од домот. Низ тие активности, до среда, би можело да се случи едно неочекувано познанство со личност во униформа, која во даден момент ќе ви ја понуди својата помош.

Здравје – Добро.

БИК

Работа – Неколку значајни и позитивни влијанија во астролошкото поле на кариерата. Доколку бевте трпеливи и постепено отваравате една по една врата на успехот, сега би можеле да донесете важна и мудра одлука и да потпишете значаен договор.

Љубов – Многу сте рационални во врската или бракот, како и при изборот  на партнерот. Спремни сте и да го дочекате поволниот момент, кој нема да го испуштите. Доколку сте долго време сами, со игра на судбината доаѓате во контакт со личност која е сталожена, одмерена во се, а вам ќе ви посвети големо внимание.

Здравје – Потребно ви е повеќе одмор и сон.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Непредвидени ситуации или неочекувана средба, на вас ќе делува како будилник. Сето тоа што ви внесуваше несигурност и страв, ќе исчезне.

Љубов – Оваа недела, голем број припадници на овој знак ќе влезат во брак, заеднички живот или ви се исполнуваат љубовните очекувања преку нова врска, како и враќање на старата љубов.

Здравје – Чувствителна точка ви се ушите и стомакот. Прифатете ги озбилно овие проблеми, доколку се појават.

РАК

Работа – Цврсто стоите на своите ставови, не со кавга и натпреварување. Помалку коментари, но со конкретни изјави и ќе ја сочувате својата позиција.

Љубов – За да дојдете до најдобрите решенија во врската или бракот, морате да му се прилагодите на партнерот. Присутно е влијанието кое ве опоменува да не претерувате во своите барања. Врската која е на почетокот, а партнерот често патува – прифатете ја или на време прекинете ја.

Здравје – Бидете внимателни во домот – може да дојде до повреди при чекорење по мокри полочки.

ЛАВ

Работа – Влеговте во периодот кој најавува промени на работа или пак станува збор за добивање на работа преку влијателна машка личност. Ако имате можност да бирате помеѓу две варијанти, бидете практични и непристрасни.

Љубов – Среќа, љубов и задоволство во бракот. Новите планови внесуваат радост во односите. Одличен ефект постигнувате со некоја ваша одлука или уплата за зимовање.

Здравје – Ако имате проблеми со некој вид на храна која не ви одговара, сигурно ќе имате стомачни проблеми.
ДЕВИЦА
Работа – Релаксирани и задоволни од себе. Се ви оди од рака, посебно кога кариерата е во прашање. Ја чувствувате довербата од вашите соработници, деловните цели лесно се исполнуваат.
Љубов – Симапатиите кои започнаа на работното место, оваа недела се во некој застој. Можеби партнерот е на службен пат или сте во потполна неможна ситуација нешто да направите, за да дојде до средба или почеток.
Здравје – Со мерка во сите уживања – алкохолот не ви се препорачува.
ВАГА
Работа – Најпосле најдовте рамнотежа помеѓу вашата амбиција и можностите. Спремни сте да отфрилите се што ве успорува во дневните работни активности. Повеќе внимавате на себе.
Љубов – Битните љубовни приказни би требало да ги водите кон крајот. Дали одите кон нова врска со стара симпатија, планирате да влезете во заеднички живот или дефинитивно се одалечувате од партнерот.
Здравје – Можни проблеми со циркулацијата во нозете од колената па надоле или од некомотни чевли.
ШКОРПИЈА
Работа – Не очекувајте премногу од ветувањата на влијателна личност. Многу повеќе ветува, отколку што може или сака да исполни. Се што очекувавте од оваа личност, самото од себе ќе се реши. Сигурно ќе добиете втора шанса, ако не оваа недела, тогаш наскоро.
Љубов – Во бракот или врската, доаѓа до подобрување на односите. Ве напушта несигурноста и недовербата кон партнерот. Само не би требало да се враќате на старата тема, која што вашите односи ги доведе во криза.
Здравје – Можни се силни алергијски реакции.
СТРЕЛЕЦ
Работа – Во разговор со семејството, решавате битни дилеми за деловната иднина. Спремни на откажување, напорна работа во корист на амбициите, ви носи одлични резултати.
Љубов – Огромна внатрешна сила, ве влече кон старите пријатели и места на кои некогаш сте излагале со задоволство. Преку старото друштво, ви се овозможуваат нови познанства со повеќе различни личности.
Здравје – Зголемената енергија која ја чувствувате, насочете ја кон позитивни активности.
ЈАРЕЦ
Работа – Кога одите на работа, сите проблеми оставете ги дома. Оваа недела бара зголемена концентрација на работното место.
Љубов – Максимално внимание се бара во тајните врски, за да избегнете непријатност, па дури и скандал. Влегување во врска со зафатена личност од вашото соседство, само ќе ви го комлицира животот и ќе ви донесе разочарување. Ви се препорачува поголмо внимание во изборот на следниот партнер.
Здравје – При поголеми активности, однесувајте се во склад со своите години и физички можности.
ВОДОЛИЈА
Работа – Колега кој е многу постар од вас, ќе влијае да постигнете промена на работното место или при решавање на проблемите кои веќе долго траат. Желбата за брз деловен успех, моментално не може да се исполни.
Љубов – Целото ваше внимание е упатено кон љубовниот живот. И самите добро се чувствувате, бидејќи подолг период ве прати среќа на ова поле. Каде и да се појавите, оставате добар впечаток, а може да дојде и до некое удварање.
Здравје – Немате проблеми.
РИБИ
Работа  – Ви следи повторен контакт со влијателни личности од минатото, кои би можеле поволно да влијаат на остварување на вашите деловни амбиции.
Љубов – Средбата на јавно место, ќе направи повторна комуникација со поранешниот партнер. Повторување на врската би можела да донесе многу хармонични односи. За тоа е потребно и трпение.
Здравје  – Чувствителни ви се забите, рбетот и зглобовите.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваКомотен, бајковит и забавен плетен покривач!
Следна објаваДо идеален животен простор со ангажман на архитект – дизајнер за ентериерно уредување
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР