a1Внатрешниот дизајн претставува максимизирање на визуелен впечаток на затворен простор преку оптимална употреба на бои, материјали, светлина, земајќи ја во предвид пред се функционалноста на просторот и создавањето на хармонична атмосфера. Вообичаено е да се мисли дека работата дизајнер на ентериер се состои само за  осмислување на бои за ѕидовите, материјали и форма на мебел, декоративни елементи и нивното распоредување, но сепак во реалност работата на ентериерниот дизајнер е многу покомплексна.

a2

Процесот на внатрешен дизајн се одвива во четири фази: во фокусот на дизајнерот е секогаш желбата и визијата на сопственикот на домот. Разговор со клиентот е од клучно значење и е почетна фаза на внатрешното уредување. Следна е подготовката на прелиминарни предлози, кои бараат одобрение од сопственикот, по што дизајнерот тргнува во потрага по конкретни предмети и мебел, а тој е одговорен и за  преговорите за цена на избраните материјали, мебел и роковите на испорака на истите.  Во претпоследната фаза архитектот- дизајнер  е одговорен за координирање и спроведување на комплетната идеја и замисла, соработувајќи со  мајстори за различни фази, столари и останати стручни лица за постигнување на бараниот резултат.  Завршната фаза ја сочинува најубавиот дел од работата, а тоа е комплетирањето на уредувањето и потврдата дека целиот проект е изработен според желбите на сопствениците.

a5

Со ангажирање на дизајнер на ентериер добивате идеални предлози и решенија за уредување на вашиот нов дом, функционални решенија со потребни градежни фази, 3D приказ од просторот, изработка на јасен и точен трошковник, стручен тим кој работи на исполнување на вашата замисла за идеален животен простор. Архитектонско дизајн студио Култ Дизајн лоцирано во центарот на Скопје, нуди комплетни услуги за уредување на приватни и деловни објекти, а во својата богата понуда на услуги вклучени се и ентериерни материјали и кујни од најпознатите европски производители.
https://www.facebook.com/KULTDesign/

a3

a4

a6

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен хороскоп од 07.-13.11.2016 година!
Следна објаваОвие 5 модели ги прават жените најпривлечни (научно докажано)!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР