Ако сакате да ја засилите својата игра на заведување или пак едноставно ве интригира студијата за машко-женските односи и стилот – ова е текст за вас! Баравме научно објаснување – која женска облека е најпривлечна за машките?

Од класичните совети дека треба да се носи црвената боја па се до неочекуваното откривање на делови од женското тело – во продолжение прочитајте зошто машките ќе се свртат 2 пати по вас…..

ШТИКЛИ

Ова не е никакво изненадување – тие ја зголемуваат женската привлечност. Мажите попрво ке и пристапат на жена во штикли отколку на тие кои не ги носат. Изненадени? Ние не.

cipele

ЦРВЕНА ОБЛЕКА

Ни тука нема никакви новости, но ако терба да ве потсетиме – црвената боја ја зголемува атрактивноста на машкото внимание.

crveniiii

ЦРН ФУСТАН

ОК, за ова нема технички научен доказ, но ќе се послужиме со зборовите на Elizabeth Hawes (славна американска писателка) за тоа што мажите сметаат дека е привлечно кај жените: “Пет од пет мажи, кажаа дека 2 пати ќе погледаат во било која девојка која е облечена во црн фустан”. Eдноставно, зарем не?

lbdjahaodsa

БЛУЗИ И ФУСТАНИ БЕЗ РАКАВИ

Ако мислите дека само долгите и тенки нозе се она што машките прво го забележуваат на жените – размислете повторно. Машките всушност повеќе ги привлекуваат женските раце!

topovinamra

 

ТЕСЕН ФУСТАН

Покажете ги своите облини во тесен фустан, според некои истражувања, мажите повеќе ја сакаат фигурата на песочен часовник, со нагласен струк и колкови. Затоа, ако ги имате, слободно покажете ги!

bodyconhaljine

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДо идеален животен простор со ангажман на архитект – дизајнер за ентериерно уредување
Следна објаваПовеќедневно дизајнерско искуство за публика со изострени сетила
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР