Деветто издание на Скопје постер фестивал ќе се организира од 21-ви до 30-ти ноевмри 2016 година во Музеј на Град Скопје. Во првите три дена од Фестивалот ќе се организираат и тематски работилници.
Програмата на 9. Скопје постер фестивал ќе ги заинтересира студентите по графички дизајн, визуелни комуникации и сродни насоки, но ќе биде атрактивна и за професионалните дизајнери и за пошироката публика.

Криза на идентитет двострано 2016 скопје постер

Мишел Буве (Франција), Фонс Хикман (Германија), Фин Нигард (Данска), Ришард Каја (Полска) и Тони Васиќ (Македонија) се членови на жирито кои ќе одржат свои презентации и работилници на теми: дизајнирање на џез плакат, дизајнирање на социјален постер, дизајнирање на постер за промоција на Македонија како туристичка дестинација.

И оваа година имаме жири кое е составено од експерти од сите гранки на графичкиот дизајн – илустратори, типографи, калиграфи, плакатисти“, изјавија од Плакарт.
Младите надежи на графичкиот дизајн од целиот свет аплицираа на 9. Меѓународен студентски конкурс за плакат. Темата на овогодинешниот фестивал е „Криза на идентитетот“.

Поттикот за избор на оваа тема, велат од организацијата, е потребата од реакција против етничката, културната, верската, возрасната и половата подвоеност, следствено врз идентитетските прашања е фрлено поинакво светло!
Се поголем интерес за овој конкурс е видлив преку поголемиот број пристигнати плакати – 32% повеќе од минатата година. Радува и фактот што се поголем број на академии во рамки на своите академски програми го воведуваат и овој конкурс“, истакнаа од Плакарт.
Победниците ќе бидат објавени на отворањето на 9. Скопје постер фестивал, на 21 ноември во Музејот на град Скопје, кога ќе бидат отворени и други поставки, како што се изложбата на специјална селекција на плакати од гореспоменатите постер-мајстори, плакати од победниците на минатогодипниот конкурс, како и плакатите кои беа работени на работилници за овогодинешниот 9. Скопје постер конкурс.
На следниот линк може да се аплицира за учество на работилниците и презентациите: http://skopjeposter.com/mk/nastani/

Криза на идентитет двострано 2016 скопје постер

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОвие 5 модели ги прават жените најпривлечни (научно докажано)!
Следна објаваЛекции за убавина | Четки за шминкање
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ