Четките за шминкање се нешто слично на магични стапчиња. Нивното користење значајно влијае на изгледот, што значи дека ако умеете да ги користите правилно, нема да имате никаков проблем. Ако сепак не сте сосема сигурни или сте почетници во однос на тоа која четка за што се користи при шминкање, ние го имаме одговорот. Ова се основните четки кои секоја жена би требало да ги има во својот несесер за да изгледа негувано и убаво. Во продолжение прочитајте ги и основните техники на шминкање со помош на овие четки.

2

Четка за течна пудра

Течната пудра е основа на секој изглед. При нанесување, четката држете ја слично како да држите молив, а пудрата нанесувајте ја со долги и внимателни движења, од средината на лицето кон надворешниот дел. За да нема нерамномерност, не заборавајте да ставите малку пудра и на вратот.

Четка за пудра во прав

Оваа четка е поголема од онаа за течната пудра. За лицето да не ви изгледа како кукла, сконцентрирајте се на делот околу Т-зоната. Ставете од пудрата на четката, а потоа со дршката допрете кај зглобот за да се отстрани вишокот пудра и нанесувајте со кружни движења.

Четка за руменило

Нијансата на руменило е клучна за природен изглед. Прво, нанесете малку боја, па потоа проверете дали е тоа доволно. Ако не е, нанесете повторно. Сконцентрирајте се само на јаболчниците и нанесувајте со потези нагоре-надолу.

3

Четка за блендирање

Мешањето или блендирањето е можеби малку понапредна техника во шминкањето, но сепак треба да биде застапена. Откако ќе нанесете неутрална сенка на очните капаци, на четката за блендирање ставете потемна нијанса и повлекувајте во правец лево-десно.

Четка за веѓи

Веѓите се дел од лицето кои можат навистина да го сменат целокупниот изглед. Движете се со четката по лакот од веѓата со вертикални движења, од почетокот кон крајот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР