Зеленило, недопрена природа, мир, непрекршени сончеви зраци кои паѓаат директно врз Вашите спокојни срца.. Кој не би сакал да живее во место кое како да излегло од бајките?

Овие куќички кои се наоѓаат во скандинавските предели се огромен хит, не само затоа што изгледаат магично и примамливо, туку затоа што се неверојатно економични и практични.

Тревата која што се наоѓа на кровот од куќичките е природен изолатор кој не само што ве изолира од пеколните летни горештини и острите зимски студови, ве изолира и од вртоглаво високите цени на греењето и ладењето на струја. Освен тоа ви нуди и природна звучна изолација за да уживате во смирувачките ноти на тишината, што е вистински раритет во овој свет со многу брзо темпо. Плус изгледа навистина неодоливо и може да го задржи својот изглед заедно со вашиот таван до дури 60 години. И најважното: ја има способноста значително да го редуцира влијанието на јаглерод моноксидот во атмосферата.

Економични, еколошки и едноставно прекрасни, разгледајте ги скандинавските бајковити куќички:

nj;lSkalholt, Iceland (Исланд)

c315aa6e658162e2b2903ed625aa524c75b5cfa0fbe938a340dbc8ee1477ebe2Норвешка

lk;Jølster, Norway (Норвешка)

980xGeiranger, Norway (Норвешка)

erg Renndølsetra, Norway (Норвешка)

v jKvednafossen Waterfall, Norway (Норвешка)

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР