Во рамките на програмските активности на меѓународниот Семинар за македонски јазик и литература, во Охрид на 18 јуни (четврток) во 18 часот ќе биде промовирана  антологијата на балканската поезија „Светиот пат“, што ја подготви македонскиот поет и литературен критичар Раде Силјан. Во ова дело се застапени двесте и шест поети од дванаесетте балкански држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска, Турција и Црна Гора.

Изданието ќе го промовира проф. д-р Кристина Николовска, а стихови ќе читаат познати македонисти од балканските држави, учесници на меѓународниот Семинар за македонси јазик и литература.

Reade Siljan portret Pavle Kuzmanovski-m Svetiot Pat - Rade Siljan 201...

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПатуваме во иднината со Space X ( видео )
Следна објаваСупер идеја за забава | Legendary Slip N Fly
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР