Бездомникот со златен часовник, во 5 прашања

Во мразната 2027, кога мрачните улици се расплакани сведоци на кризните времиња, еден бездомник, чијшто живот застанал во минатото, онаму каде што заедно со стрелките на неговиот расипан часовник, запрел и животот на татко му, би сторил сè за да избега од бедата. Бог, по безброј тешки денови, изгледа како да одговара на неговата желба, преку случајна средба, донесувајќи му шанса за топла постела, пријателска прегратка, и навидум подобра иднина. Има само една работа што тој треба да ја направи за возврат. Има само едно нешто што треба да го научи – да се преправа дека отсекогаш припаѓал таму. Овој роман е сведоштво за скршени животи, што го бележи патот кој човек го минува од кал до ветениот подем, и претставува крпа со која се брише лажниот сјај на богатството и се покажуваат нештата онакви какви што навистина се. Сите нешта имаат своја цена. Колку чини еден дом? Колку гревови бездомникот со златен часовник е подготвен да плати?

 – извадок од „Бездомникот со златен часовник“ – Верче Карафилоска
 1 2
Очекувајќи убава промоција на Булеварот на книгите во клуб Матица овој четврток, на 23ти април во 19 часот – ја прашавме писателката Верче Карафилоска која е добитничка на две престижни книжевни награди што би сакала да знаеме до четврток:  „Улогата на еден писател е да го стави на хартија сето она што тежи на човековите души, да порача „Нека не ве запираат туѓите тежини и неуспеси. Продолжете да одите по својот пат, зашто туѓите приказни не се ваши за раскажување.“, за да ние нестрпливо го очекуваме „Бездомникот со златен часовник“ да го најде својот дом.
Истиот тој писател знае дека постојат извесни прашања кои мора да си ги постави на себеси…
Кои се моите читатели?
Што ја прави оваа книга посебна?
Кој сум јас за да ја напишам оваа книга?
11127243_10206689318941744_1861381913_n
5 прашања за 15 специфики – комплекноста е најевидентна кога се илустрира преку едноставна призма.
Книгата е достапна во претпродажба во клуб Матица почнувајќи од изминатиот викенд.

1. Едно најголемо книжевно влијание?

Ловец на змејови“ од Халед Хосеини, книга која ме научи дека емоциите пробудени кај читателот, се најважниот аспект во една заокружена приказна.

2. Две омилени карактеристики кај лик?

Не би можела да издвојам. Секогаш зависи како тие карактеристики се искомбинирани, и дали заедно со личната историја на ликот и неговата главна мотивација се доволно верни, за да создадат човек, место обичен хартиен лик.

Ако веќе мора да бирам, сигурно тоа би биле две негативни карактеристики бидејќи негативните карактеристики се оние кои создаваат поголеми можности за заплети.

3. Три книги што си ги прочитала повеќе од три пати?

Надвор од секоја категорија е “Story engineering: Mastering the 6 core competencies of successful writing”, Larry Brooks; додека со Пиреј“, Големата вода“, 1000 неверојатни сонца“ и сите нивни еквиваленти, најчесто застанувам на вториот пат, зашто некогаш испишаните зборови се претешки за третпат да се сносат.

Бездомникот со златен часовник“, сиве овие години, во сите негови форми.

4. Четири омилени зборови?

“Kill your darlings” e една од главните лекции застапена во сите книги за успешно раскажување. Моите омилени зборови (кои се менуваат според периодот од животот и последните прочитани книги), речиси никогаш не се појавуваат во ракописите кои ми минуваат под прстите.

Oсвен тоа, зборовите се здивот на еден јазик. Не сакам да ги омеѓувам неговите здивови и живост, со било какви ограничувања.

5. Пет причини зошто да се прочита Бездомникот со златен часовник“?

1. Затоа што сите зборови се залудни, ако останат непрочитани; затоа што Бездомникот…“ нема да е жив додека очите и душата на читателот не го (д)оживеат.

2. Затоа што Бездомникот…“ се сите обични луѓе соочени со животот, кој што наметнува ситуации во кои направените одлуки може засекогаш да го променат секојдневието: или од смртник да создадат човек“, или да ја избришат секоја трага од човечност што некогаш постоела.

3. Затоа што Бездомникот…“, често, без читателите да забележат, самиот ги врти страниците од првото светло до втората квечерина.

4. Затоа што Бездомникот…“, после сè што помина, заслужува шанса да најде топол дом во рацете на неговите сопственици.

5. Затоа што Бездомникот…“ ги чека сите причини зошто заслужува да е прочитан изречени од своите читатели.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНакит од стари часовници
Следна објаваКолекција наречена по старото име на Струга | Ирина Тошева
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ