Богата програма со најдоброто од музиката на светот

  1. ОФФ-ФЕСТ (28 мај – 1 јуни 2015)97a46c76-6a8a-4214-a7c5-de9a252bde0a

Програмата на годинашното 14-то издание на Офф-Фест е распоредена во пет богати фестивалски вечери на кои ќе настапат седум музички групи и изведувачи од три светски континенти. Офф-Фест, кој во организација на Скопскиот џез фестивал ќе се одржи од 28 мај до 1 јуни ќе ги пренесе звуците и магијата на Мали, Мароко, Јужна Кореја, Португалија и Македонија.

00513907-6016-40ce-aa69-eb3901014673

Музичката култура на Мали во фокус на Офф-фест 2015
Мали со својата богата музичка традиција е во фокусот на годинашното издание на фестивалот, во чии рамки ќе настапат три извонредни музички состави од овој регион на Западна Африка.  На првиот фестивалски ден (28 мај), публиката ќе ужива во настапот на Басеку Кујате, мајсторот на традиционалниот инструмент нгони и неговиот еклектичен состав Ngoni Ba, кои ќе го претстават материјалот од својот најнов албум „Ba Power”. Bassekou Kouyate & Ngoni Ba последниве години важат за највозбудливиот бенд кој доаѓа од Африканскиот континент. Музичката приказна за Мали ќе продолжи веќе следната вечер (29 мај), кога вљубениците во добриот звук ќе имаат можност да го проследат концертот на легендарниот блуз гитарист и симболот на независноста на Мали – Бубакар Траоре. Последниот фестивалски ден (1 јуни) е резервиран за концертот на светската музичка сензација – виртуозните музички бунтовници Tinariwen.

e98b94ad-6b20-48cb-bf44-58ed9dc65ecd

Јужна Кореја, Мароко, Португалија и Македонија
Офф-фест на 28 мај (четврток) ќе започне со концертот на иновативниот пост-рок/ворлд-мјузик состав и во моментов најголемата музичка атракција од Кореја, бендот Jambinai. На 30 мај (сабота) публиката ќе патува низ магијата на фадо музиката на португалката Лула Пена и ќе ужива во концертот на популарната мароканска пејачка и кантавторка Хинди Захра, која во Скопје ќе го изведе својот најнов албум „Homeland”. Македонската етно ризница ќе биде претставена на концертот на групата Chalgia Sound System, кој ќе се одржи за 31 мај (недела).
Southern trances

Сите концерти на Офф-фест оваа година ќе се одржуваат во Младинскиот културен центар (Кино Фросина и Дансинг сала)

Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани и два музички документарни филмови – „Ќе пејам за тебе” („Je chanterai pour toi”), приказна за легендата Бубакар Траоре и  филмот „Последната песна пред војната”(„The Last Song Before the War”), документарец посветен на „Фестивалот во пустината” во Мали.

Влезниците за Oфф-фест ќе бидат пуштени во продажба на 28. април (четврток) на продажните места на Југотон Рекордс, МКЦ и онлајн на www.mktickets.mk.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваGiorgio Armani: Машка колекција ’15
Следна објаваАртенштајн | Настан за улична уметност
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ