„Магичен круг“ на Маја Анастасова Хрис

Во Уметничката галерија „Безистен” во Штип, на 23 декември (вторник) во 19 часот беше отворена самостојната изложба на Маја Анастасова Хрис, на која се претставени 50 дела од најновиот творечки циклус на авторката, насловен „Магичен круг”. За делата од изложбата „Магичен круг” г. Зоран Читкушев, директор на Н.У. Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип, вели:
“Секој кружен облик е потенцијален магичен симбол, а магиската примена на кругот е позната уште одамна. Кругот е асоцијација за целосност, севкупност, совршенство, непроменливост, безпочеток и крај. Кругот го симболизира космичкото небо. Темата на магичниот круг во истоимената изложба, Маја ја интерпретира преку застапеноста на формата на кругот како композициски елемент, со унифицирани формати на делата. Тргнувајќи одмоќта и совршеноста на овој симбол како почетен елемент, делата од оваа изложба се изградени во креативен сплет од нежни приказни на граница меѓу сонот и јавето. Во магичните кругови на Мајасе отсликани необични светови во кои се претставени контемплативни женски фигури и актови. Претставена е жената во моменти на размислување и спокојство, во амбиент кој некогаш се наоѓанадвор, а некогаш внатре. Во дел од овие претстави се насетува присуството на градот Амстердам со неговата специфична архитектура, додека во други се наѕираат делови од пејзажи, балкони,крајбрежја… Честопати се појавуваат и птиците кои летаат, како симбол за слободата, светоста и духовниот живот.
Во своите дела Маја ја прикажува поврзаноста на традиционалниот и новиот експериментален пристап во создавањето на делата, што креира нови квалитети во нејзиниот уметнички израз.Оваа поврзаност сама по себе е магична и полна со исчекување на крајниот резултат од креативните постапки. Претставите се претопуваат во комбинацијата на различните техники кои се употребени на хартија – акварел, пастел, молив, молив во боја, акрилик и монотипија. Карактеристика на делата е колоритот преземен од природата – сината како небото и водата, како и сите земјенитонови. Маја Анастасова Хрис е родена 1983 година. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2006 година, а во 2009 година завршила постдипломски студии на истиот Факултет, на графичкиот оддел. Учествувала на неколку ликовни колонии и на бројни интернационални групни изложби. Ова е нејзина осма самостојна изложба. Живее и работи во Амстердам, Холандија.”

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПредлози за празнична шминка
Следна објаваПразнична магија низ светот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР