„Like-oт не помага“ е насловот на трогателната рекламна кампања од страна на Publicis Singapore, креирана за Crisis Relief Singapore, христијанска организација се со цел ангажирање на волонтери. Шокантни фотографии претставуваат три вида на катастрофи: војна, поплава и земјотрес, придружувани со палци нагоре, симболизирајќи го знакот Like nа Фејсбук.

Идејата е едноставна, виртуелните работи немаат значење во реалниот живот, па дури и милјарда like-ови нема да им помогнат на оние кои се соочуваат со вакви катастрофи во нивниот секојдневен живот, тие дури немаат време за виртуелниот свет. Со like може да се добие награда, но like-от нема да ја запре сиромаштијата, да ги вдоми бесдомниците, да ја поправи економската криза, да го спречи културниот колапс или да ги поправи последиците предизвикани од војна и природни катастрофи. Затоа оваа кампања повикува на акција, а не на виртуелно соживување со тешкотиите на другите. „Биди волонтер. Промени нечиј живот“ е мотото на оваа кампања која е прогласена за најмоќна рекламна кампања и е добитник на Златен лав во Прес категоријата на Канскиот фестивал.

crisis-relief-singapore-liking-isnt-helping-1

crisis-relief-singapore-liking-isnt-helping-2

crisis-relief-singapore-liking-isnt-helping-3

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДух во фустан | Meg Cowell
Следна објаваОбични луѓе, а чудесни во зборот | Мануела Златкова
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР