Илјадници луѓе умираат дневно од болести предизвикани од пушењето. На секое пакување цигари стои предупредувањето дека пушењето е штетно по здравјето, но малкумина се свесни за тоа. Дизајнот на Reynolds & Reyner покажува колку проблемот со пушењето и последиците од него се блиску до нас. Според овој концепт кутијата цигари означува смрт. Што мислите? Би запалиле цигара?