„Бакнежот“ е најпознатото дело на австрискиот сликар Gustav Klimt, насликано во 1907 година. Го насликал на 45 годишна возраст, кога сеуште живеел со својата мајка и двете сестри. Важел за почитувана личност со темпераментен карактер, но водел боемски живот и имал повеќе вонбрачни деца. Тој постојано велел: „ Не можете да ги задоволите сите со своите дела и уметност, затоа задоволете неколку“.

„Бакнежот“ е слика каде што сензуалноста преовладува. Слика на која на суптилен начин е претставена силната поврзаност на мажот и жената. Се започнува и завршува со бакнеж. ..Мажот е насликан над жената која на колена го чека неговиот бакнеж. Преовладува златната боја како и цвеќињата кои ги има околу нив. Многумина се обиделе да ја идентификуваат жената и според некои од нив тоа е долгогодишната партнерка на Klimt, Emilie Floge.

Сликата била купена уште првиот пат кога била прикажена во јавноста, иако сеуште не била завршена. Во моментот сликата се наоѓа во галеријата Белведере во Виена каде што секојдневно стотици луѓе и се воодушевуваат.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Духовно исполнување
Следна објаваЦигари во „ковчег“
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР