Еве еден одличен начин како повторно да вратите од кутиите некоја од вашите стари касети.
Што ви е потребно?
- Стара касета
 
- Ткаенина
 
- Штрафцигер
 
- Ножици
 
- Креда
 
- Лепак
 
- Игла и конец за шиење
 
Најпрво извадете се што е внатре во касетата, со цел да ја задржите само рамката. Внимателно извадете ги штрафчињата

Измерете со помош на касетите и пресечете онолку материјал колку што е потребно, за подоцна да ја обвиете внатрешноста на паричникот.

Следно е да го залепите патентот во внатрешноста од двете страни од касетата. Обратете посебно внимание околу лепењето на аглите.

Исечете го вишокот од патентот и со игла и конец составете ги двете страни , само од онаа страна каде што патентот треба да завршува.

Во овој дел внимателно залепете го патентот со другиот дел од касетата.

Откако ги поврзавте и двата дела нанесете лепак во внатршеноста и залепете го платното.

За крај потребно е да го повзете со игла и конец едниот дел од патентот како би се добил целосниот изглед.

Ова е вашиот паричник

    
		












