Младата модна икона Jazzelle Zanaughtti блесна во новиот рекламен спот на познатиот британски бренд ASOS со наслов “My style is never finish”. Оваа млада звезда во подем за кратко време го освои модниот свет и неговите следбеници со својот неконвенционален стил.

Во новата реклама таа се појавува облечена како вонземјанини кој доаѓајќи на земјата ја истражува новата околина за веднаш потоа кадарот да се смени и да ја смести Жизел во фризерски салон промовирајќи го ретро стилот на 80те години.

Маркетинг директорот на Асос изјави дека целта на оваа рекламна кампања е да ги натера клиентите постојано да истражуваат и експериментираат што модата во потполност тоа им го дозволува. Режисер на спотот е Теренс Нил, кој е творец на рекламата на Адидас Original is never finish!

Погледнете го!

Jazzelle Zanaughtti

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР