Од изгледот на шишенцата до основните мирисни ноти, најдобрите нови пролетни мириси кои туку што дојдоа на пазарот, ја нагласуваат и слават самодовербата.
Пролетта е време на нови почетоци и будење, а секако и период во кој нашите зимски парфеми ги заменуваме со малку полесни мирисни ноти.
Miu Miu, L’eau Rosée
Само најмодерните и најуспешните, ги претпочитаат парфемите со главни ноти на ружи, бидејќи ним, никако не им одговараат класичните ноти.
Proenza Schouler, Arizona
Како сончеви зраци кои ја галат вашата кожа во топлиот пустински ден. Arizona е женски мирис кој не е премногу сладок или цветен, благодарение на невообичаената минерална нота.
Maison Martin Margiela, Replica – Wicked Love
Веднаш ќе почувствувате необична комбинација. Основата на мошус, кедар и ветивера помагаат во рангирањето на овој парфеми како унисекс.
Oscar De La Renta, Bella Blanca
Овошен и сладок, но суптилен и софистициран мирис. Овој парфем претставува се што се очекува од едно шишенце парфем, буквално покриено со бели цветови.

















