Проблеми со продуктивноста?
Станувате често доцна, без некоја желба за работа и ви недостига мотивација? Сите сме се пронашле во вакви периоди, кога едноставно работите не ни одат баш од рака. Во случај утрата да ги започнувате на „лева нога“, постерите на Anna Vital се тука за да ги подобрат секојдневните навики. ;)
Чекорите се веќе познати, но мало потсетување никогаш не е на одмет ;) Доколку сакате продуктивен ден, започнете го со продуктивно утро. Може тоа да биде со читање на некоја добра книга или пак подготвување на вкусен појадок.
Поедноставувањето на животот ќе Ви донесе многу привилегии и олеснувања. Ќе го слушате своето сопствено – јас и ќе научите да кажете НЕ на луѓето со кои не сакате да го минувате слободното време. Како полека се привикнувате на овие методи, ќе научите и брзо да работите со што значително ќе ја зголемите својата самодоверба!
Ви посакуваме многу успех, како и пријатен и возбудлив понеделник ;)