Обично се верува дека луѓето со поголем интензитет на креативност од останатите е допрен од Бога во однос на неговите раце, глас, визија. За илустраторот Shaw Van Daele од Онтарио, Канада, ова важи на повеќе нивоа – освен што неговите раце и очи се способни да создадат неверојатна приказна, неговиот креативен ум е повеќе од спремен да ја поднесе тежината на сопствената идеја.

Уште како дете, овој креативец бил инспириран да создаде дигитално дело врз основа на детски цртеж, така што ја реализира својата фантазија преку трансформирање на еден, навидум прост спој на боички и хартија. Денес, тој тоа го прави со цртежи на болни дечиња и влијае врз светското јавно мислење.

Повеќе од 20 цртежи стојат на неговото пано – сите од нив ќе бидат вклучени во публикација, која ќе ги охрабри донаторите да придонесат за оваа благородна кауза. Shaw Van Daele вели дека го прави ова за да покаже дека се’ е можно – тој ги раскажува вистинските, болни приказни на овие деца, ги илустрира нивните желби и надежи преку магични креации кои ги водат кон патот на закрепнувањето.

1

4

5

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

18

19

20

Не само што овој начин е показател на племенит акт, враќање на вербата во човештвото: уметнички подвиг каде секое од децата е херој во сопствената приказна, кој ќе ги освести луѓето за условите во кои живеат овие деца. Освен тоа, ако се продолжи да се работи на оваа тематика, малите херои ќе можат да пораснат во еден свет без страдање и страв.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Мајка
Следна објаваCuban Fury – мотивирачка комедија
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР