Во 1987 тринаесет годишно момче со неверојатен танцувачки талент се спрема за Британскиот Јуниор натпревар по Салса. Но, по еден инцидент  Bruce Garrett (чија улога ја превзема Nick Frost) ја губи самодовербата и целосно му го менува животот.

Дваесет и две години подоцна, херојот се наоѓа во бездна на својот живот. Тој се смета себе си за надвор од форма, непосакуван и постојано се самосожалува. Единствено неговата паметна, смешна и прекрасна нова американска шефица Julia (чија улога ја превзема Rashida Jones) му дава причина за да живее. Но нивната врска е невозможна, таа е предобра за него, се додека не ја дознае нејзината страст – Салса танцот. Bruce ќе мора да ги совлада внатрешните демони за да го пронајде Салса – ритамот повторно во себе.

Трејлерот ветува добра забава, нетипизирана приказна и мотивација.

Филмот излегува следниот месец, со времетраење од 1 час и 38 минути.

cuban-fury (1)

maxresdefault

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДетски херои против болеста | Shaw Van Daele
Следна објаваНеверојатно песочни склуптури во Storyland
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР