Сите оние идеи кои низ интернет-мрежата Ви изгледаат прескапо да ги порачате, доаѓаат со добра вест: повеќето од нив се остварливи и преку Направи сам проектите. Како и денешниот предлог, следствен на низата идеи за подароци наменети за Денот на жената. Декоративно парче љубов кое ќе ја израдува Вашата мајка, професорка или сопруга…

Потребно Ви е:
– дрвена плоча (што поголема, тоа подраматична)
– дебел конец во впечатлива боја
– шајки и чекан
– спреј во боја (за дрвото)
– бела хартија

2

Првиот чекор се однесува на нанесување спреј врз дрвената плоча, така што Ви предлагаме истата да биде во потемна боја. Вториот чекор е дури откако плочата ќе се исуши, затоа што треба врз истата да ја нанесете белата хартија и врз неа да нацртате срце. Шајките и чеканот Ви се потребни за третиот чекор, кои треба да ги заковате во форма на нацртаното срце. Навистина тешкиот дел доаѓа откако ќе ја отстраните хартијата – но, добрата вест е дека изведувањето форма со конецот нема посебна шема или правила, туку останува на Вас да ја создадете. Продолжете се’ додека не го исполните срцето.
Совет плус: некоја интересна порака навистина ќе го збогати ова мало ремек-дело!

3

4

5

6

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗошто се целите важни?
Следна објаваМала колиба за сонување
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР