1. На најубавиот сончев ден, најмоќната лупа нема дури ни да ја осветли хартијата ако Вие премногу го движите стаклото. Но, ако се фокусирате и ја држите лупата правилно, тогаш хартијата ќе се запали. Тоа е моќта на концентрацијата.
  2. Со надобрата можна прилика да патувате, а не знаете каде – кога ќе прашате каде води еден конкретен пат, ќе Ве прашаат „каде сте се упатиле?“. Ако одговорите дека не знаете, тогаш ќе Ве упатат било каде… каква разлика би направиле? Кога не знаете каде одите, секој пат ќе Ве одведе таму. Но доколку знаете – тоа е моќта на насоката.
  3. Во најуспешниот тим, кога ги имате сите квалитети во истиот ентузијастички сте подготвени да ја завршите работата и работите на неа, но рокот се одложил. Што ќе се случи со работата? Кој ќе ја доврши? Како ќе знаете дека е завршена пред рокот? Тоа е моќта на времето.

Ентузијазмот без концентрација, насока и време е како шумски пожар кој ќе Ве доведе до фрустрација и лесно откажување. Целите Ви даваат чувство за насока, Ви оставаат простор да се сконцентрирате и да бидете врзани со фактор време. Дали би седнале во авион ако не знаете каде лета? Или би се ангажирале во фирма која не ги дефинирала своите цели, односно дали би започнале врска без да се надевате на однос кој ветува долг рок?

Очигледно, одговорот е не.
Тогаш, зошто луѓето чекорат низ сопствените животи, без да имаат цели?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОрганизирање на книгите по боја
Следна објаваНаправи сам | Плоча со срце
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР