Момче и девојка биле во подолга врска. Девојката постојано му кажувала колку го сака, но момчето ниту еднаш не ги изговорило зборовите „Те сакам“. Девојката на почетокот мислела дека можеби му е тешко да ги изразува своите чувства, но тој споделувал се’ со неа, освен неговите чувства за неа. Со секој поминат ден, со секој момент поминат заедно тоа се повеќе и тежело, си мислела: зар не ме сака доволно штом не може да го изговори тоа? Не можела да издржи повеќе и го прашала зошто никогаш и нема кажано дека ја сака.

Момчето ја погледнало во очи и и’ одговорило:
„Зарем навистина мислиш дека не сум ти кажал дека те сакам? Дали зборовите „Те сакам“ се единствениот начин да кажеш некому дека го сакаш?

Ти ми кажуваше „Те сакам“ и кога ме откачуваше за да отидеш со другарките. Ми кажуваше „Те сакам“ и кога не најде време да се појавиш на мојот роденден. Ми кажуваше „Те сакам“ и секогаш кога те замолував нешто а ти без размислување велеше „не“. Зар со тоа не се губи смислата на тие зборови?

Јас никогаш не ти кажав „Те сакам“, ама секогаш бев тука за тебе, уште пред да прозбориш јас знаев што ќе кажеш, уште пред да ме побараш јас бев до тебе. Знаев како реагираш, што те повредува, а што насмевнува. Те осипував со љубов на сите можни начини со цел да се чуствуваш сакано, но без гласно да ги кажам тие зборови. Можеби ти ги немаш слушнато доборопознатите „Те сакам“, но твоето срце знае колку многу ми значиш.“

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБиблио-кутија | Криенка меѓу книгите
Следна објава7 факти за библиофилите
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР