Нашата претставничка на овогодинешната Евровизија која ќе се одржи во Копенхаген, Данска – Тијана Дапчевиќ, вчера ја презентираше песната со која ќе не претставува.

Музиката за песната ја подготвија Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, додека Димитров стои и зад аранжманот и продукцијата. Текстот за македонската верзија го напиша Елена Ристеска, додека за англиската верзија со наслов „To The Sky“ се погрижија Елена и Дарко, во консултација со Лаура Роска од Романија.

„Во моментот кога Македонската Радио Телевизија објави дека јас ќе ја претставувам Македонија на Евровизија, добив повеќе од педесет понуди за песни од целиот Балкан. Ниту една од нив не ми се допадна, освен трите песни кои ги добив од Дарко. Се одлучивме за повеселата и поведрата“, изјави Дапчевиќ. „Многу верувам во песната, сигурна сум кога ја пеам и сигурна сум во добар пласман“, додава таа.

 

http://www.youtube.com/watch?v=grZ7vPQ_y8M

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРустична куќа за уживање
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР