Не постои креативец кој не ужива во добра фотографија – особено ако истата е испринтана на платно и ако е синхронизирана со просторот кој го краси. Денешниот Направи сам проект ќе Ви покаже како да пренесете фотографија на ткаенина во неколку едноставни чекори…

Потребно Ви е:
– обично бело платно;
– лепило во гел;
– дебела четка;
– вода во спреј-шише; и
– фотографија.

Потребно е да имате рамка на која ќе го прицврстите платното, додека следен чекор е прекривање на целата површина со лепило – нанесувајќи дебел слој со четката. Следниот чекор означува притиснување на фотографијата врз лепиливата површина на платното и оставање да се исуши преку ноќта. Откако ќе се исуши, испрскајте ја хартијата со вода за да можете да ја одлепите од платното… бришете со површината на прстите додека не почнат да се одлепуваат парчиња хартија. Кога ќе ги отстраните сите, Вашата фотографија на платно е готова. Малку неуредност и време, дополнето со трпение бидејќи потребно е уште еднаш да поминете со лепило врз целата површина, но овојпат во мала доза. Штом се исуши, фотографијата е спремна да ја украси Вашата соба.

 3

2

1

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНоќна прошетка со Ван Гог
Следна објаваИнстаграм трендови за домот
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР