На идеите со кои ќе предизвикате насмевка на лицата на Вашите сакани – никогаш крај. Особено ако истите се искомбинираат со љубовната еуфорија која спонтано владее во воздухот, без притоа да загуби на значење љубовта која треба да се споделува секој ден, вклучувајќи го и фамозниот Валентин ден. За оваа креативна картичка нема да Ви треба многу, само љубовна замисла и неколку чекори…

Потребно Ви е:
– бела хартија
– бела креда/бел креон
– мали акварел четки
– ножици
– црвена боја

Чекорите се прилично едноставни: Ваш е изборот дали на белата хартија ќе испринтате или ќе нацртате слатко срце + упатство за користење на честитката. Важно е упатството да ја даде вистинската насока, а тоа е „за да се открие тајната Валентин порака подолу, земете црвена боја и малку вода, па користете го срцето за да ја избоите хартијата“. Она што слеедува е вистинската тајна порака – невидлива на прв поглед… напишете нешто значајно за Вашиот драг/Вашата драга, која ќе ја напишете со бела боја. Изберете црвен коверт и Вашата честитка е готова. Време е да се прослави Валентин.

1

2

3

4

5

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДрвена полица | Kostas Syrtariotis
Следна објаваМагијата на ледените инструменти
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР