„Назад во октомври, мојот седум-годишен син ја скрши раката. Кога докторот го праша каква боја на гипс сака, син ми гордо покажа на пастелно розовата. Докторот беше изненаден и го праша дали е сигурен, затоа што розовата е сепак боја за девојчиња… Мојот малечок син го погледна докторот и самоувремено рече: „Нема женски или машки бои, јас ја сакам розовата затоа што таа е заштитна боја во месецот на борбата против ракот на дојка“. Докторот се вцрвени, додека медицинската сестра го бакна син ми на главата. Јас излегов со него од ординација како најгорда мајка на светот.“

– Тониа К.

Вистинската приказна позади оваа агнедота која ги потресе социјалните мрежи и поттикна здраво јавно мислење на оваа тема всушност поттикна и огласување на вистинската мајка во случката. Фотографијата достапна погоре е вистинска фотографија на нејзините деца. Сите ставови кои се споделувале во електронската јавност допреле до мајката, која вели дека нивната нотација за прекрасно родителство навистина ѝ значи, како и тоа што мнозинството помислило дека нејзините деца се слатки и свесни. Но, лажното преземање на вистинската случка ме натера да ја каже вистинската приказна…

„Мојот четири-годишен син ја скрши раката минатиот мај. Пред да појдеме во одделот со гипс во болницата, педијатарот го праша која боја би сакал да му биде гипсот на раката. Од опциите на сите бои, веднаш ја избра топлата, розова боја. Докторот се вознемири од неговиот избор и му нудеше други, мислејќи дека моето синче ќе се премисли. Знаев дека нема. Розовата е едноставно, негова омилена боја. Неколку дена подоцна, кога отокот опадна, отидовме да го ставиме гипсот – овој пат, во ординацијата не пречека друг доктор кој повторно го праша син ми која боја би ја избрал, притоа нудејќи му палета од „популарни машки бои“. Јас веднаш изреагирав, „мислам дека тој сакаше розово“, кажав одбрамбено. Докторот, видно изненаден го погледна син ми. Тој ниту трепна. „Сакате да кажете дека тој веќе избрал и избрал розово?“, ме праша мене – „дали твојата сестричка избра за тебе?“, го праша син ми, додавајќи „зарем не знаеш дека розовата е женска боја?“.

Во нашиот дом, розовата не е женска боја. Двете мои деца носат розово. Двете мои деца носат сино – што всушност, е омилена боја на ќерка ми. И секоја боја од виножитото! Моето девојче носи темно-сини патики и моето момче носи топло-розова дуксерка! Нивната соба е зелено-кафена, слично на шумата, нивните играчки се родово неутрални, вклучувајќи ја црвената кујна, која им е омилена играчка на обајцата. Двајцата сакаат тркачки автомобили и двајцата уживаат кога играат Play-Doh.

Кога мојот син изјави која му е омилена боја на свои три години, јас бев иницијално дефанзивна. Воглавно, тоа мое чувство беше поттикнато од моето неверување колку луѓето почнаа да го напаѓаат за неговиот избор. Мојот едноставен одговор беше:
„Розовата боја е чисто преференција, некои ја сакаат, некои не. Ако мојот син еден ден се декларира како геј, јас ќе го поддржам 100%, но јас се сомневам дека на три години тој воопшто има поим од комплексност на сексуалноста. Дури и да е така, јас можам да бидам сигурна дека тој не е подготвен да одлучи какви ќе бидат неговите сексуални навики до забавиште. Утврдувањето на сопствениот идентите, сексуален или било каков: е долг и извртен пат, но, можам да Ви ветам дека тој не започнува со изборот на розовата боја за омилена на едно момче.“

На возраст од две (ќерка ми) и четири (син ми), тие не знаат ништо за родовите стереотипи кои возрасните ги имаат изгравирано во своите умови. Се разбира, јас одбивам да им ги наметнам истите на моите деца. Во мојата куќа, тие никогаш нема да слушнат „тоа е за девојчиња“ или „тоа е машка игра“ или било што слично – ќе им биде дозволено да им се допаѓаат сите бои, сите активности, како и изборот сами да одлучат за својот стил. Знам од прва рака дека поголем дел од нашето опкружување нема да прифати вакво воспитување поради извесни традиционални сфаќања, но јас сум подготвена да запонам да правам промени со еден по еден, по ред. Започнувам со моите две деца“.

– искрено, една мајка

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАТИЛА – Џузепе Верди – Македонска опера и балет
Следна објаваЛекција за стил во 46 м2
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР