Студена сезона од која се смешка сонцето несомнено Ве кани на многу прошетки и кафе со пријателите – ако се водиме по констатацијата дека животот е премногу краток за да носите здодевни алишта, сметаме дека е потребно да внесете незначителна доза креативност во Вашиот дневен изглед, а денешниот Направи сам проект дефинитивно е вреден за Вашиот интерес.

Потребно Ви е:
– стари чизми
– парче плетенина
– лепило
– ножици
– четка за лепило

2

3

Започнете со нанесување на лепилото на оној дел од чизмата што сакате да го прекриете со плетенината. Нанесувајте на мали делови, па лепете, па повторно нанесете, па пак лепете. Кон рабовите, свиткајте ја плетенината без да направите гломазно преклопување и повторно залепете. Започнете со сечење на деловите од плетенината кои се вишок. Повторете ја постапката со другата чизма. Откако завршивте, оставете да се исушат. Следниот ден се подготвени за инспирација на градските улици, полните кафулиња и дооолгите разговори со пријателите!

1

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеколку цитати на светските композитори
Следна објаваКонференција е-Општество: Mлади и медиуми
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР