Финска, како европска земја, вчудоневидува со својата култура, проширени до недоглед пејсажи, вечни летни денови и прекрасни креативни цртежи на ноќното небо. Од едноставноста на убавото живеење сведоци се Финците со своите чести бегства во село, долгите уживања во сауна, секојдневниот риболов во безбројните езeра.
Оваа скандинавска принцеза нуди многу за вљубениците на природата, авантурата и фантазијата. Во студените зими можете да го посетите Дедо Мраз во Рованиеми, да искусите едно “сафари” на санка влечена од хаски или пак да ја гледате аурората на ноќното небо…
Пролетта во Финска е неверојатно кратка, но измислена за оние кои го сакаат својот мир и тишина. Во овој период, кога долгата финска зима завршува и дебелите снежни прекривки му овозможуваат на заспаниот жив свет да се разбуди. Совршен пролетен одмор е исполнет со чести набљудувања на птиците низ дрвјата, медитациите за време на изгрејсонцето и долгите прошетки на планините каде дрвата само што процветале.
Летото е создадено за кампување, забави исполнети со гитарски акорди, љубовни авантури и капење во езеро под полноќното Сонце. Во овој период, Финска не спие. Вкусните рибни специјалитети на скара и собирот на целото семејство заедно се честа појава за ова време од годината.
Есента е време кога сите се враќаат во своето секојдневие и рутина, оставајќи ги шумите во Лапонија да се “распрскаат” во црвена, жолта и кафеава боја. Процес кој во Финска е познат како “ruska”. Оние кои биле изморени од летната еуфорија ја бараат својата утопија во набљудувањето на езерските води, во кои се отсликува експлозијата на бои од дрвата.
Припремете се себеси за пронаоѓање на својот духовен мир во оваа земја. Финска нуди безброј воздишки за оние кои се деца во срцето, а мудри во духот.