Македонските претставници на X Factor Adria – Даниел Кајмакоски и Фифи вчеравечер си обезбедија пласман во понатамошната трка во популарната музичка емисија.

Големата македонска музичка надеж Даниел Кајмакоски настапи со песната на Тоше Проески „Чија си“ отпеана на српски јазик и уште еднаш ги освои симпатиите на публиката.

Во емисијата Кајмакоски се изјасни дека Тоше му е идол и инспирација и дека треба и понатаму да се пејат неговите песни. Воедно, судиите изјавија дека Кајмакоски даде свој белег на песната, без да си дозволи да го имитира големиот музички уметник. Може да очекуваме дека и на следниот настап на X Factor Adria, Даниел ќе го видиме во уште една одлична интерпретација на хит од Проески, овојпат на македонски јазик.

Фифи пак, заедно со Маринела Џогани покажаа енергичен настап со „Monday Morning“ на Фиона и си обезбедија место меѓу натпреварувачите во понатамошната музичка трка.

За оние кои го пропуштија настапот на Кајмакоски, повелете видео.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=J58asV6UBoE

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Скијање без снег
Следна објаваМини поткровје со блескав изглед
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР