1

Со скромната површина од 55 метри квадратни, овој стан во поткровје е одличен пример, како со добро осмислена реформа и внимателен избор на декорации, малиот расположлив простор може да се трансформира во извонредно убав дом со пријатен амбиент. Сместен е на последниот кат од станбена зграда во северниот дел на Мадрид, а воодушевува со начинот на кој е дизајниран целиот простор, особено со блескавиот изглед кој е постигнат во ентериерот. Сјајниот ефект е резултат на мноштвото сончева светлина која продира од прозорците, но и деликатната шема на бои, кои се комбинација на неутрални, свежи и пастелни тонови. Со паметниот распоред, поделен е на две зони, и располага со дневна соба, трпезарија и кујна, плус спална соба и целосно екипирана бања. Секоја просторија е засебно стилизирана, хармонично вклопувајќи се во целината со нежен и софистициран дизајн. Прекрасна инспирација!

2

3

4

5

6

7

8

9

10 11

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДаниел Кајмакоски оди понатаму | Убедлив настап на X FACTOR
Следна објаваTrussardi | Аристократска кучешка елеганција
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР