Зимска идила од соништата: топла и хармонично уредена планинска оаза, од која воздишки крадат фасцинантните глетки на снежните падини и прекрасните бели пејзажи. ,,El Lodge Ski & Spa Resort’’ е извонредно зимско одморалиште во Сиера Невада, Шпанија, дел од хотелската групација ,,Marbella Club’’. Луксузниот скијачки комплекс е вистински рај за љубителите на зимата и зимските спортови, канејќи на уживање во убавото време под шпанското сонце, многубројните ски – стази и комфорното сместување кое ја разгалува душата. Дизајнот на хотелот е инспириран од нордиските дрвени градби и традиционалните алпски колиби, со многу гламур, луксуз и шарм внесен преку декорот и деталите во секоја соба. Со автентичната градба, и интимната големина која сочинуваат вкупно 20 соби, комплексот го задржува амбиентот на приватна колиба за посетителите, совршено вклопувајќи се во сликовитото природно опкружување. Нуди бројни погодности и услуги за одмор и релаксација, а заштитен знак на одморалиштето е прекрасната тераса, позната како ,,Suite Nevada’’, најстилизираното место за пауза од снежната авантура, и дење и ноќе. Празник за душата!

1

23

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

25

26

27

28

29

30

31

16

17

18

19

20

21

22

24

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДецата се деца и кога ќе пораснат
Следна објаваТрадиционален концерт по повод празникот Василица | „ФИЛМСКИ НОТИ“ FILM THEMES
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР