Постоеше еднаш едно малечко глувче со име Марвин. Тоа беше толку мало што неговите пријатели мораа да запалат светло за да го видат. На училиште секогаш го задеваа поради неговата величина, но Марвин продолжи напред, самоуверено и глуво за се’ што другите ќе му речеа. Реши да оди спротивно на природната селекција

Сепак, она што другите глувчиња не можеа да го сфатат е дека Марвин беше единствениот што не падна во стапицата поставена од луѓето. Кога тој требаше да мине низ стапиците, тој го стори тоа со неверојатна брзина овозможена од неговата мала тежина, стигна до својата дупка и никогаш не зачекори на механизмот кој можеше да го убие.  И тоа не е се’ – секогаш кога луѓето ќе тргнеа да ги ловат глувчињата, Марвин умешно ќе се скриеше во дупките од сирењето. Тие никогаш не го фатија, затоа што тој беше единствениот кој можеше да го направи тоа.

Наскоро, дојде денот кога сите глувчиња сакаа да бидат како Марвин. И сите тие, едногласно и немо сфатија дека она што навидум се чини како слабост, може да биде перцепирано како предност се’ додека се користи во правилна насока и се делува со искрено срце. Наспроти сите опструкции!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПоследно збогум | Sarah Beth
Следна објаваDamien Hirst за Alexander McQueen
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР