Оние кои имаат домашни миленици знаат како едно маче или куче стануваат дел од семејството, како успеваат да се пикнат под кожа и да бидат наш најдобар пријател. Sarah Beth е фотограф кој ужива во фотографирањето на нејзиното височество – мачката и најдобриот пријател на човекот – кучето. Водејќи се од сопствените искуства и моментите кога треба да се разделите со миленик кој со години бил дел од семејството таа решава да фотографира стари и болни кучиња заедно со нивните сопственици – фотографија за последно збогум. Серијата фотографии е насловена „Joy Session“ во чест на лабрадор по име Joy, најдобар пријател на Joan – првата приказна и идеја за започнување на овој проект. Joy во повеќе наврти и го спасил животот на Joan и помислата дека ќе го загуби својот пријател ја тера Joan преку фотографии да го меморира секој момент поминат заедно.

„За многу луѓе, милениците не се само миленици, тие се нивно семејство и јас сакам да им овозможам можност да имаат фотографија од посебен момент пред да ги загубат. Овие фотографии се за луѓе кои сакаат да се радуваат и да се сеќаваат на радоста која нивните миленици ја донеле во нивниот живот.“

11

12

13

14

15

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

30

СПОДЕЛИ
Претходна објава85. роденден на Мики Маус
Следна објаваМалото глувче Марвин
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР