,,Само се надевам дека нема да изгубиме од вид една работа – дека се’ започна со едно глувче.”  – Волт Дизни

Најпознатиот јунак на Волт Дизни денес полни 85 години. Професорот Енди Штајн, авторот на книгата ,,Зошто го сакаме Дизни: Моќта на Дизни брендот’’, за Мики Маус ќе каже дека неговото влијание врз поп културата е неизмерно. Црвените панталони и големите жолти чевли ја изградија кариерата на Дизни, а по него следуваа и сите останати ликови кои го збогатија детскиот свет. Во тоа име, ви претставуваме неколку интересни детали од неговата биографија.

000

Светот за првпат го запозна на 18 ноември 1928 година, во анимираниот филм насловен ,,Парабродот Вили’. Тоа e првиот цртан филм со звук во продукција на Дизни, а Мики Маус првиот лик кој го синхронизира, позајмувајќи му го сопствениот глас се’ до 1947 година. Создаден е како плод на соработката помеѓу Волт Дизни и Уб Иверкс, а првобитно било планирано неговото име да биде Мортимер Маус. Сепак, сопругата на Дизни не била воодушевена од идејата, сметајќи го името за препотентно и премногу женствено, па, така, следниот предлог бил токму Мики.

Инспирацијата за ликот Дизни ја пронашол во вистинско глувче кое живеело со него во студиото во Канзас Сити, каде воедно се настанати и првите анимирани филмови. Целиот свој живот, Дизни потсетува дека сиот професионален успех му го должи токму нему. Година дена по појавата на телевизија, Мики ги добива и препознатливите бели ракавици, а неговата огромна популарност доведува до тоа, од 1932 година Академијата да доделува награди и за најдобар анимиран филм. Истата година, ,,Дизни’’ освојува две позлатени статуетки за ,,Silly Symphonies” и ,,Flowers and trees“.

004

Другарот Пајо Патор го добива во 1934 година.

Мики ужива во друштво на Пајо Паторот и Шиљо, а не се одвојува и од неговиот миленик – песот Плутон. Љубовта на неговиот живот е Мини, која му влева самодоверба и храброст праведно да се бори против сите зла во светот.

008

Во 1935 година Мики Маус првпат се појавува во боја, а набрзо по првата филмска улога претставени се и првите производи со неговиот испечатен лик. Глувчето од анимираните филмови и стрипови, денес е икона на студиото ,,Дизни’’, но и еден од најпрепознатливите симболи во светот.

009

,,Кога луѓето му се смеат на Мики Маус, тоа е затоа што тој е толку човечен. Во тоа е тајната на неговата популарност.”

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПарижани – Греам Роб
Следна објаваПоследно збогум | Sarah Beth
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР