Една несекојдневна и интересна приказна за комплицирано функционирање на човечкиот мозок: се наоѓате пред прагот на Вашиот прв состанок. Како реагира Вашиот ум согласно очекувањата и случувањата? Овој CGI анимиран краток филм кој е производ на соработката на талентираното трио составено од Josiah Haworth, Joon Shik Song и Joon Soo Song ќе Ве насмее и ќе Ве замисли: на која хемисфера ѝ робувате Вие? Најпрвин прикажано на  Ringling College of Art and Design и премиерно поставено онлајн преку четвртиот годишен Student Animation Festival – денес, само за Вас.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГенијално решение во 17 м2
Следна објаваМлади таленти за H&M
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР