Ако животот е игра, тогаш постојат правила според кои се игра таа „игра“.

1. Ќе добиеш тело. Дали ќе го сакаш или мразиш, не е важно. Тоа ќе биде твое цел живот.
2. Ќе бидеш опкружен со лекции. Ќе бидеш запишан во училиштето наречено Живот и секој ден ќе учиш нешто ново.
3. Не постојат грешки, постојат само лекции. Растењето е процес на обиди и „грешки“, а токму она што го нарекуваш „грешки“ се најважните лекции во животот.
4. Лекциите се повторуваат се додека не се научат.
5. Учењето нема крај. Ќе учиш доживотно.
6. „Таму“ не е подобро од „овде“. Кога „таму “ ќе стане „овде“ тогаш пак ќе постои некое „таму“ кое ќе изгледа подобро од „овде“.
7. Другите за тебе се огледала. Не можеш да сакаш или да мразиш нешто кај некого, освен ако во него не гледаш рефлексија на она што го сакаш или мразиш кај себе.
8. Ти го креираш својот живот. Располагаш со се што ти е неопходно, како ќе го искористиш зависи од тебе. Изборот е твој.
9. Сите одговори се внатре во тебе. Треба само да слушаш, гледаш и да веруваш и ќе дојдеш до секој одговор кој го бараш.
10. Со раѓањето го забораваш сето тоа.

Cherie Carter – Scott

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБел дом од соништата
Следна објаваПрстен-часовник
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР