Еднаш, многу одамна имаше една голема планина, позади која имаше гнездо на орел. Создадено како засолниште, гнездото во себе имаше сокриено 4 големи орловски јајца. Еден ден, земјотрес ја потресе планината предизвикувајќи јајцата да се стркалаат надолу по планината, кога едно од нив стигна до една пилешка фарма која се наоѓаше во нејзиното подножје. Кокошките знаеја дека мора да го заштитат неиспиленото јајце и доброволно се ангажираа да го негуваат и да се грижат за истото. Најстарата од нив се однесуваше како вистинска мајка. Наскоро, јајцето се изведе и убав орел се роди. Ама нажалост – беше огледан да се однесува како петел. Во текот на својот живот, орелот веруваше дека е ништо повеќе од петел. Го сакаше својот дом и семејството, но длабоко во себе веруваше дека неговиот дух е желен за повеќе. Додека се движеше низ фармата еден ден, погледна кон небото и забележа јато моќни орли како ги ширеа своите крилја во сината бесконечност. „Ох, колку би сакал да бидам како нив!“, помисли во себе, додека не успеа да забележи дека желбата ја кажа на глас. Кокошките прснаа во смеа, спуштајќи го на земја со образложение дека кокошките не растат толку големи и дека немаат способност да летаат. Орелот се онерасположи и продолжи да гледа кон небото… Сонуваше да биде дел од нив, мечтаеше и посакуваше да не е така љубоморен. Но секогаш кога ќе беше затекнат во своите мечти, редовно беше враќан во реалноста со истите зборови. Така орелот научи да верува дека е петел. Продолжи со својот живот на фармата. Конечно, по долг живот како петел, орелот почина.

Не дозволувајте Вашите мечти да згаснат – ако се чувствувате дека може да летате како орел, не дозволувајте зборовите на една кокошка да Ве спуштат долу, на земјата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМирисот на библиотека во Вашиот дом
Следна објаваНикол Кидман за Jimmy Choo
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР