Продолжување на објавата за Marina Abramovic, но овој пат не станува збор за чувствата и солзите кои таа ги предизвикува во секој кој ќе се соочи со нејзиниот поглед, туку напротив, станува збор за чувствата што одредена личност ги предизвикала кај неа. Целиот настан „The Artist Is Present“, после овој момент добил и поинаква вредност, доказ дека љубовта е имуна на времето. Меѓу многуте лица во Музејот за современа уметност во Њујорк бил и Ulay, љубовта на нејзиниот живот. Маrina и Ulay имале интензивна љубовна врска во 70-тите години, за потоа да се разделат и после речиси 35 години да се погледнат очи во очи на ваков настан. Нивната последна средба била на Кинескиот ѕид, тргнувајќи таа од едниот, тој од другиот крај за да се сретнат за последната прегратка пред да се разделат. Погледнете ја нејзината реакција.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерна солуција | Red Nest Mobile Wall
Следна објаваРусија на Менхетен | Onegin Restaurant
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР