Луксузниот бренд Dior ја претстави новата колекција на накит Gem Dior за 2022 година. Во рекламната кампања се појавува музата на брендот, Кара Делевињ која изгледа многу елегантно додека го претставува најновиот накит и новите часовници на Dior. Креативната директорка Викторија де Кастелан, во новата колекција покажа голем број на неверојатни парчиња, вклучувајќи обетки, прстени, нараквици, часовници и ѓердани.
Облечена во розов фустан, Кара покажува накит од розово злато со дијаманти и украсни камења како тигарско око, заедно со розов опал.
На втората фотографија Кара изгледа многу елегантно во црн костум, носи часовник од нерѓосувачки челик украсен со дијаманти и црн седеф.
На третата фотографија од рекламната кампања се претставени парчиња жолто злато, односно ланчиња од новата колекција со медаљон од зелен малахит камен.
„Дизајнирана од Викторија де Кастелан, новата колекција GEM DIOR изненадува со својата органска апстракција, асиметрија и опсег на бои.
Родени во суптилна хармонија помеѓу природата и модата, украсени со скапоцени камења, овие парчиња накит ќе го комплетираат секој стајлинг со смел сјај“, велат од модната куќа Dior.