Интересен и лесен проект за сите љубители на Instagram фотографиите кои може многу лесно да красат и катче од вашиот дом.
Потребни ви се:
– столна ламба
– лепак
– тенок картон (хамер)
– безбојна самолеплива хартија
– фотографии

Најпрвин испринтајте ги омилените фотографии во форматот според абажурот на вашата ламба.

Картонот исечете го во големина на абажурот и залепете ги фотографиите.

Внимавајте првите и последните фотографии да не се поклопуваат една врз друга.

Вишокот исечете го и земете ја безбојната самолеплива хартија.

Залепете ја врз фотографиите и поставете ја на лампата, во саканото место во домот.

По некое време може да го повторите проектот со што ќе ги промените фотографиите.














