Откако ги погледнавме славните автори со нивното однесување кога би биле на Instagram, наидовме на уште една интересна игра со hashtag-ови: со користење на #bookswithalettermissing и со масовно распространување на Twiter, идеите на читателите ширум светот беа крајно иновативни, духовити и уникатни. Се’ што е потребно е една буква да недостасува… Нетипична, но прилично добра идеја, која не секогаш е естетски претставена – ние избравме пет примери да ги споделиме со Вас.