Со свој insta-social, insta-vintage стил на споделување фотографии на мрежата Instagram, истата претставува маркантна можност читателот да биде во отворена комуникација, следење и чекор со животот на своите омилени автори… се’ до оној момент кога се работи за автори кои телесно, повеќе не се меѓу живите. Но, кои секако останале да живеат преку своите безвременски дела.

За среќа, малку имагинација и малку фотошоп прават совршен спој на фотографија и опис под истата – до интересен литературен момент. Каков username би користеле, колку следбеници би имале и како би се однесувале ако се дел од социјална мрежа.

1

Хемингвеј:
Дали тој е на трка со бикови или на забава во Хавана, фотографиите на Хемингвеј секогаш прават да се чувствувате несоодветно. Но, секогаш постои опција „unfollow“ доколку не Ве изеде љубопитноста!

2

Набаков:
Молци, пеперутки и ним сличните. Авторот има опсесија со крилести суштества, а не заводливи мали девојчиња. Просто да Ве натера да се запрашате што „Лолита“ навистина симболизира.

3

Вулф:
Нашата дама која се одликува со вечна тага сака љубовно спојување, емотивни мелодии додека цвеќињата венеат, небото се наоблачува и дождот паѓа додека нејзиниот поглед е отсутен преку прозорецот…

4

Селинџер: Дури и со илјадници следбеници, Селинџер не следи никого. И ги има истите три фотографии откако се приклучи на Instagram. Не е претерано ажурен, но луѓето сепак го сакаат!

5

Фицџералд:
#БогатитеДецаНаInstagram само што се просветлија литературно. Големо дружење со @Hemingway во #ПаризГрадотНаСветлината итн. Скот Фицџералд е навистина навлечен на hashtag опцијата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПостојано спиење | Simon Cheung
Следна објаваКога си мал…
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР