Вчера – веќе помина….
Утре – не можеме да знаеме што ќе се случи…
Но, утре може да биде доцна… Да кажеш дека сакаш, да кажеш дека жалиш, да се извиниш, да кажеш дека сакаш да пробаш повторно…

Утре може да биде многу доцна…За да побараш прошка, за да кажеш – „Прости ми, грешката беше моја…“

Твојата љубов, утре може да е непотребна!
Твоето извинување утре може да е излишно!
Твоето враќање утре може да е непосакувано!
Твоето писмо утре може да не биде прочитано!
Твојата нежност утре може да не е неопходна!
Твојата прегратка утре може да не биде возвратена… Бидејќи утре може да биде многу, многу доцна …

Не оставај за утре да кажеш:
“Те сакам”
“Ми недостигаш”
“Прости ми”
“Овој цвет е за тебе”
“Изгледаш многу подобро”…

Не ги оставај за утре: твојата насмевка, твојата прегратка, твојата нежност, твојата работа, твоите соништа, твојата помош…

Не оставај за утре за да прашаш:
“Можам ли да ти помогнам?”
“Зошто си тажен?”
“Што ти е?”
“Еј… Дојди, ајде да разговараме…”
“Каде е твојата насмевка?”
“Зошто не започнеме од почеток?”
“Со тебе сум… Знаеш дека можеш да ми кажеш…”
“Каде се твоите соништа?”

Не заборавај: Утре може да биде многу доцна!
Барај! Труди се! Настојувај! Обиди се уште еднаш!
Направи го тоа ДЕНЕС!
УТРЕ може да биде доцна… мнoгу доцна…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Украсен чаршаф
Следна објаваИсториски пасоши на познати личности
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР