Од утре…  ќе престанам да пијам, ќе уживам во убавината на животот со трезна глава и чист поглед.

Од утре… ќе престанам да пушам, ќе престанам да се трујам самиот себе.

Од утре… ќе престанам да се нервирам за секоја ситница, животот е премногу краток.

Од утре… ќе внимавам што јадам, поради естетскиот изглед, но и поради моето здравје.

Од утре… ќе бидам пољубезен со луѓето околу мене, една моја насмевка може да им го разубави денот.

Од утре… внимателно ќе ги избирам зборовите што излегуваа од мојата уста, бидејќи погрешните зборови кажани во погрешно време можат да повредат некого.

Од утре… ќе го искористувам секој момент за да бидам со моите сакани, да им покажам колку ми значат.

Од утре… ќе го живеам животот со полн здив, но најпрвин морам да научам да не ги оставам работите за УТРЕ, мојот живот е ДЕНЕС и СЕГА и сите промени кои што сакам да ги направам мора да започнат веднаш. Од денес ќе го создавам мојот подобар живот за утре.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМистериозни скулптури од книги
Следна објаваРефлексивна топка во фотографија | Alexandre Bordereau
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР