Тексас шорцот е секогаш добар избор за урбан лежерен стајлинг, погоден за сите варијанти и пригоди, а особено во топлите летни денови кога императив е удобноста и пријатното чувство во она што го носите. Во денешното креативно катче ви претставуваме интересна и практична идеја, со која на старите и износени фармерки или тексас шорцеви можете да им дадете комплетно нов сјај во пресрет на летото. За старите милиња веќе утврдивме дека се одличен материјал за креирање шик модни детали, па и овојпат, везовите и плетките, се сè што ви е потребно, со малку издвоено време и минимален труд, да создадете ново и уникатно модно парче и да ја освежите вашата гардероба. Бохо шорцевите се романтични и модерни, со безброј можности за комбинирање, за шик или винтиџ изглед со бохемиски шарм.

potrebno

Потребно ви е:
– пар стари фармерки или тексас шорцеви
– стар вез (миле)
– ножици
– шпенагли
– игла и конец

001

Начин на изработка:

Постапката е прилично едноставна, и во голема мера зависи од вашиот вкус и желби. Доколку се одлучите за изработка да користите стари фармерки, тогаш со ножици исечете ги ногавиците, така што ќе добиете шорц, со димензии и изглед по ваша желба. На шорцевите, од надворешната страна кај работ со ножици отстранете парче тексас. Тоа може да биде со големина и форма според ваша замисла, триаголно или, пак заоблено. Потоа, со игла и конец на негово место сошијте парче од милето со ист или сличен облик. Вашиот бохо шорц е спремен за прошетка низ градските улици.

762762

78738

63673

8987

87382

7828

878378

6736786

nEO_IMG_IMG_8513

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗбогум, мој пријателе
Следна објаваИмагинација изразена низ фотографии | Vincent Bourilhon
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР