Koj вели дека старите везови и плетки се бескорисни за младите и урбани девојки? Денес ви претставуваме како со малку креативност и издвоено време, преку допир со ултрамодерните неонски бои, старите милиња можете да ги претворите во шик ланчиња со кои ќе ја збогатите вашата колекција модни аксесоари.

000001

Потребно ви е:
– стар вез (миле)
– боја за текстил (и четкица) или спреј, во неонски тонови
– синџир и додатоци за сврзување
– мини клешта
– ножици
– игла и конец (по потреба)

000002

Начин на изработка:

Од милето исечете ја со ножици формата која најмногу ви се допаѓа. Должината и ширината прилагодете ја на својот вкус и желби. Кај повеќето милиња, тоа може да го постигнете со отсекување  на само едно цело парче. Сепак, доколку сакате да создадете нова форма, исечете повеќе поситни делови, па потоа споете ги во нова целина со игла и конец. Нанесете ја посакуваната боја од двете страни, а потоа оставете да се исуши. Со мини клешта (или рачно) поврзете ја плетката за синџирот, и вашето ново ланче е подготвено за носење.

00003

00004

000005

00006

00008

00009

0000012

000010

0000013

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Лет
Следна објаваБезвременскиот Сааб
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

1 коментар

Comments are closed.