„Јас не сум само моден дизајнер, јас имам визија на еден претприемач, бизнисмен.“
Ели Сааб

Тоа може да го рече повторно, бидејќи денес, 46-годишниот либиец води глобална империја, составена од бутици во Париз, Лондон и Дубаи. Неговата облека се продава во 22 земји, а подоцна се префрлува на чанти, чевли и накит. Но, тоа е само почетокот; во последниве неколку години, неговата работа се прошири во дизајнирање на ентериер за BMW X серијата, работа со MAC козметика, и потпишување договор за дизајн на три мега јахти. Малкумина би рекле дека Сааб самостојно би создал бренд од вредност од 500 милијарди долари. Малку е чудно што тој беше рангиран како 28-ми во листата на моќни луѓе во Арапскиот бизнис, а 5-ти на Арапската глобална листа на славните.

3

„Не ми се допаѓа терминот „моќ“ самиот по себе. Моќ за мене претставува самопочит пред се’, и почитта која ја добивате од другите за својот труд. Ова задоволство ќе Ви го даде цело чувство на моќ кое ќе Ви биде потребно да продолжите напред.
Сааб

2

4

7

Несомнено, апсолутно заслужно е константното позиционирање на овој мал човек, но моден великан во центарот на вниманието: како еден од најталентираните и најмаркантните дизајнери на денешницата, неговото создавање на меки и женствени кроеви, колекција по колекција, останува да важи за најпосакувано име на фустан од зачетокот на новиот миленум па до ден денес. Модерен, а класичен. Аристократски, а нослив – суптилно ја велича женственоста преку фини материјали и деликатни везови со исклучителен квалитет, невозможни да се ископираат во сиот свој сјај.

8

Креации од бајка е едноставен епитет кој никогаш не ќе ја долови магијата на либанскиот талент концентриран во едно суштество: едноставен дизајн во комбинација на скапоцени ресурси, каде истакнувањето на женската силуета е финален ефект во специјалноста на истиот. Бекрајна елеганција чија главна одлика е безвременоста во секој можен поглед…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Шик ланче од миле
Следна објаваСрцето – кршлив подарок
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР