Се случува човек да ужива во книгите, но да не им придава преголемо значење. Во светот на библиофилите, ова се смета за сериозна навреда – можеби посериозна од справувањето со лица кои што воопшто не читаат. Како показатели на совршен однос со книгата, дел од светот ги перцепира како интроверти; а дел смета дека живеат неколку животи паралелно… дали и Вие спаѓате во оваа категорија? Следете ги прашањата…

1. Се искрадувате да читате на работа, дури и кога Вашиот шеф е на видикот?
2. Читате во кола додека чекате на семафор?
3. Ноќите Ви се резервирани за книжевни патувања?
4. Сте се нашле во ситуација да треперите, да се смеете или плачете… па дури и да се испотите поради добра книга?
5. Читате помеѓу оброци, за време на викенд или одмор?
6. Знаете што значат сите сленгови во клубовите за читање?
7. Вашиот дневник е крајно организиран?
8. Кога пред Вашето друштво опишувате некој фиктивен лик, Ве доживуваат како чудак?
9. Имате мал милион незавршени обврски, но со задоволство завршена книга?
10. Веќе имате започнато своја книга… и ја чувате љубоморно од очите на јавноста?

Доколку одговоривте потврдно на шест од понудените десет прашања – честитаме, Вие сте вистински библиофил!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Љубов во немири
Следна објаваПоента на +50 степени
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР