7 милјарди луѓе, 7 милјарди карактери. Различни животи, навики, потреби. Мозаик од комплексни личности кои уживаат во различни работи, имаат различни преференции или различни пороци. Дали имаат или немаат потреба да бидат со некого или да го вреднуваат својот однос со некого зависи од самите нив. Во контекст на Аристотеловата мисла дека „оној кој е доволен сам на себе мора да е Бог или ѕвер“, се поклопува со можноста која ја пружаат книгите – живеење на повеќе живото истовремено. Неретко, личностите кои го искористуваат овој бенефит се случува да се повлечат кон себе. Следуваат 10 причини зошто интровертите и книгите се најдобри пријатели:

1. Книгите нема да Ве заробат во бесмислен разговор. Всушност, книгите се во најдобро издание кога Ви е потребна тишина.

2. Книгите не бараат од Вас да учествувате во бура на идеи на училиште, факултет или работа. Книгите знаат дека уживате во сопственото друштво бидејќи така себично ја применувате Вашата имагинација.

3. Книгите не Ве обвинуваат зошто сте тивки, ниту помислуваат дека сте вознемирени или лути поради нив. Тие едноставно Ви го дозволуваат молкот кој Ви треба.

4. На книгите не им е потребна причина да Ве остават на мир. Тие ќе бидат и подоцна тука за Вас, кога ќе Ви притреба нивното друштво.

5. Книгите, всушност, не се зависни од рефлексен одговор – сосема е во ред да ги оставите на полица во секое време и да си заминете.

6. Со книгите е сигурно дека работата нема да излезе од контрола кога не можете да си ги изразите чувствата со зборови. Оставете им ги зборовите ним.

7. Книгите разбираат дека сами го освојувате светот, но, некогаш знаат да Ве потсетат дека најубавите патувања се случуваат токму преку нив.

8. На книгите не им е потребна голема забава преку викендот. Чашата црвено вино и ќебенцето покрај каминот им се чини како најубав помин во животот.

9. Книгите секогаш ќе Ве пречекаат кога сте расположени за нив. Нив не им се брза никаде.

10. Вие сами може да продолжите каде сте застанале со некоја книга…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГолемиот плоштад | Брисел
Следна објаваФото на денот | Буда во сенка
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР