Еден човек се шетал по улиците на провинциски град. Располагал со време и затоа застанувал пред секој излог, пред секоја продавница, на секој плоштад. Кога застанал на еден агол, одеднаш се нашол пред една скромна продавница, на чиј излог не било изложено ништо. Заинтригиран, тој отишол до прозорците и се доближил со лицето до стаклото, за да ѕирне во темниот излог…
Внатре на една мала плоча со рака било напишано:
ПРОДАВНИЦА НА ВИСТИНАТА
Мажот бил изненаден. Помислил дека тоа е некаков трик, но не можеше да замисли што се продава таму, па влегол.
Се приближил до госпоѓицата на првиот штанд и прашал:
– Извинете, ова продавницата на вистината ли е?

– Да, господине. Каков вид вистина барате? Делумна вистина, релативна или целосната вистина?

„Значи тука продаваат вистина. Никогаш не ми текнало дека тоа е можно. Да одиш некаде и да ја добиеш вистината би било прекрасно“, помислил во себе.

– Целосната вистина – одговорил мажот, без да се двоуми.

„Толку сум уморен од лагите – помисли тој. – Не сакам повеќе заеднички приказни и изговори, лаги и измами “.

– Целосната вистина! – Повторил тој.

-Добро, господине, следете ме. – Госпоѓицата го одвела до друг сектор со еден продавач со намуртено лице и му рекла:
-Господинот ќе Ве услужи.

Продавачот се приближил, очекувајќи мажот да му каже што сака.
– Сакам да ја купам целосната вистина.

– Аха. Извинете, господине, но знаете ли која е цената?

– Не. Што е? – Одговорил тој по навика. Но всушност знаел дека е подготвен да плати секаква цена за вистината.

– Цената е – рекол продавачот – дека ако си заминете со вистината, никогаш повеќе нема да најдете мир.

Морници го полазиле, не ни помислил дека цената е толку висока.
– Blah .. благодарам… Извинете… – Промрморел.
Се завртел и излегол од продавницата со наведната глава. Се почувствувал малку тажен, кога сфатил дека уште не е подготвен за апсолутна вистина, дека се уште има потреба од било какви лаги за утеха, од некои митови, од некои оправдувања за да не се соочи лице в лице со себе…
“Можеби подоцна”, помислил.

Цената за вистината е премногу висока за него, како и за сите останати. Секој се бори за вистината, но малкумина се подготвени да ја платат цената за апсолутната вистина.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТранспарентен велосипед
Следна објаваНаправи сам | Гламурозна висока пета
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР